Сообраќај
Денеска завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата
15.03.2023 09:07
Обврската завршува доколку не биде донесена вонредна мерка за нејзино продолжување што зависи од временските услови...

Денеска, завршува обврската за поседување на зимска опрема во вашето возило. Обврската завршува доколку не биде донесена вонредна мерка за нејзино продолжување што зависи од временските услови.
Обврската стапи на сила на 15 Ноември минатата година. Казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност, односно 25 негативни бодови согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
