МВР

237 санкционирани возачи во Скопје

15.03.2023 09:23

На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.