Македонија

Ковачевски и Борел ќе претседаваат со 16-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација

15.03.2023 09:47

Борел утре ќе се сретне со премиерот Ковачевски, а в петок ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде што Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија комесарот Вархеји.

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел на 16-ти и 17-ти март ќе престојува во официјална посета на земјава.

Ќе ја предводи делегацијата на Унијата на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија. Утре ќе се сретне со премиерот Ковачевски, а в петок ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде што Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија комесарот Вархеји.

За време на посетата, Борел ќе има билатерални средби со претседателот Пендаровски, спикерот Џафери, министерката за одбрана Петровска и со координаторите на политичките партии во Собранието.

Борел на 18-ти март заминува во Охрид, каде што со премиерот Ковачевски ќе бидат домаќини на средбата на српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти, во рамките на дијалогот Белград-Приштина.