РУСИЈА
Асад во посета на Москва
15.03.2023 09:49
Агендата на големата делегација која вклучува многу сириски министри опфаќа средба со рускиот лидер Путин...

Сирискиот претседател Башар ал Асад во посета на Москва. Агендата на големата делегација која вклучува многу сириски министри опфаќа средба со рускиот лидер Путин.
Според Кремљ, тема на разговорите се соработката во политиката и трговијата, како и во хуманитарната област. Ова е првата официјална посета на Асад надвор од Блискиот Исток по разорниот земјотрес.
