Вработување на стотина кадри со високо образование

07.05.2014 12:58

Конкурсот официјално ќе биде објавен за една недела, а еден месец пред практичното вработување, ќе се врши тестирање и подготовки за работа...

Правници, економисти, машински инжинери, дизајнери, информатичари ќе изработуваат бизнис планови, проекти и стручни апликации. Ќе бидат наменети за странски и меѓународни институции како што се Хораизен европските фондови, ОЕЦД програмите и за фондот за иновациска дејност на Република Македонија. Исто така поддршка проектите ќе добијат и од Конзорциумот за иновации со што значително ќе придонесе за развојот на иновациската дејност.

„Во рамките на владината политика за економски развој на база иновации, технолошки унапредувања итн. ја покренавме оваа иницијатива бидејќи стратешка цел на конзорциумот со акциониот план е инплементација на државната стратегија за иновациска дејност во соработка со фондот и некои од факултетите“, вели Љубомир Ракиџиев, претседател на собрание на Конзорциумот- Иноватор 2013.

Конкурсот официјално ќе биде објавен за една недела, а еден месец пред практичното вработување, ќе се врши тестирање и подготовки за работа. Оние кои ќе ги поминат стручните доусовршувањата и обуки, ќе се вработат  од 1-ви септемви оваа година.

 

Сања Спириднова