Правилно чување на зготвената храна

15.03.2023 09:56

Покривањето на чинијата со фолија и оставањето во фрижидер е брз и лесен начин за чување храна. Сепак, завиткување храна во алуминиумска фолија е исто така лесен начин да се изложиме на здравствени ризици...

Секогаш треба да внимаваме на правилно чување на зготвената храна која ни останала од ручекот или вечерата.

Храна во фрижидерот обично може да трае до четири дена и повторно да се користи доколку е добро затворена и правилно складирана. Покривањето на чинијата со фолија и оставањето во фрижидер е брз и лесен начин за чување храна. Сепак, завиткување храна во алуминиумска фолија е исто така лесен начин да се изложиме на здравствени ризици.

Како што ни треба воздух за дишење, така и на бактериите им треба воздух за да напредуваат. Бактерии, како што се стафилококи и Bacillus cereus, кои предизвикуваат болести кои се пренесуваат преку храна, произведуваат токсини кои не ги уништуваат високите температури при готвењето. Кога топол оброк се остава на собна температура повеќе од два часа, бактериите брзо се шират.

Алуминиумска фолија за покривање на храната претставува ист ризик бидејќи не ја остава храната целосно без воздух. Кога воздухот е присутен, им овозможува на бактериите да растат побрзо, поради што храната нема да може да стои долго без да се расипе.

За безбедно да ги чувате остатоците, еве неколку совети како да го направите тоа:

Оставајте ги во плитки, херметички затворени садови за да го забрзате процесот на ладење и да спречите ширење на бактерии во храната.

Ставете ја храната во фрижидер во рок од два часа, пред да пристигнат бактериите и да предизвикаат штета. Млечните и месните производи се особено склони кон ширење на бактерии, што нагласува колку е важно да се користат непропустливи садови за сите остатоци. Фрлете ја храната што стоела повеќе од два часа.

Безбедно складирање на остатоците значи пронаоѓање на непропустливи садови, а особено се препорачува употреба на повеќе еколошки чинии за повеќекратна употреба, направени од стакло, силикон за храна и пластика.

 

Катерина Стојановска Десковска