Ракомет

Победа на Еурофарм Пелистер над Нексе

15.03.2023 11:11

Составот на Еурофарм Работник славеше над Нексе со 27-23 (14-11) и на тој начин го освои второто место во групата А во СЕХА лигата...

Составот на Еурофарм Работник славеше над Нексе со 27-23 (14-11) и на тој начин го освои второто место во групата А во СЕХА лигата.

Македонскиот вицешампион се претстави во одлично издание под водство на новиот тренер Александар Јовиќ кој беше задоволен, среќен што екипата одговори и го испочитува она што претходно било договорено на тренинзите, состаноците.

Со феноменалните одбрани на Марко Кизиќ, Е. Пелистер вчера успеа да ја задржи предноста против Нексе во финишот на мечот и да дојде до втората победа со која го потврди второто место во групата.