Венко Андоновски избран за дописен член на МАНУ
Професорот и писател Венко Андоновски одржа пристапно предавање во МАНУ на тема „Достоевски и Мекдоналдс“. Тема на предавањето е изложеноста на современата книжевност на силниот налет на глобализацијата...

Професорот и писател Венко Андоновски одржа пристапно предавање во МАНУ на тема „Достоевски и Мекдоналдс“. Тема на предавањето е изложеноста на современата книжевност на силниот налет на глобализацијата, редефинирањето на поимот книжевност и наметнување на нова естетика на бестселерот.
Тој бестселер, според Андоновски, се сведува на пожелни геополитички теми и стереотипи, а својата естетика ја позајмува од геномот мелодрама. Оваа книжевност ја нарекува „Мекдоналдс жанр“ или „Фаст фуд“ книжевност. Наспроти таа кич книжевност словенските литератури имаат богати книжевни традиции во кои централните прашања се сврзани со Бога, со смислата на животот и човекот, бесмртноста.
