Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник
Од денес, па во наредните четири месеци тој ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија за квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, соопштуваат од општината.
Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат како ДУП Расадник. Од денес, па во наредните четири месеци тој ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија за квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, соопштуваат од општината.
„Иако посакуваните решенија, не ги добивме во првиот обид, поради тоа што и покрај големата заинтересираност, имаше недоволен број на пријави и конкурсот мораше да се поништи, сепак Општина Кисела Вода не се обесхрабри во намерата Расадник да биде пристојно и хумано место за живот. Оттука, жири комисијата веднаш по завршување на Конкурсот направи опсежна анализа за причините за недоволниот број на пријавени апликации“, велат од општина Кисела Вода.
Во изминатиов период се одржале состаноци со Архитектонскиот Факултет, Комората на Архитекти и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и се направија анкети на сите заинтересирани потенцијални апликанти, по што, мешовитата работна група од трите институции и Општината ги вклучи во конкурсната документација насоките добиени од факултетот и професионалната заедница.
Во новиот конкурс е олеснет процесот за конкурирање, не е поставен лимит за пристигнати трудови, олеснување имаат и студентите кои можат да конкурираат без проектантско биро.
