Кочани

Жителите на кочанско Бели се гушат во чад од општинската депонија

15.03.2023 13:14

Жителите на кочанско Бели, со години се изложени на чад од општинската депонија. Местоположбата на селото кое е дом на околу 500 жители, е таква што се први на удар на депонијата која веќе една недела континуирано чади, што удира по здравјето на жителите...

Инспекторите за животна средина да излезат на терен и да најдат решение за кочанската депонија, бараат жителите на кочанското село Бели. Палењето на депонијата им го загрозува здравјето и ги оневозможува да произведуваат здрава храна. Спасот го гледаат во дислокација на депонијата која е закана за поширокиот регион.

Жителите на кочанско Бели, со години се изложени на чад од општинската депонија. Местоположбата на селото кое е дом на околу 500 жители, е таква што се први на удар на депонијата која веќе една недела континуирано чади, што удира по здравјето на жителите и ги оневозможува во секојдневните обврски.

Повременото затрупување на депонијата и третманот со алги времено го решаваше проблемот низ годините, но жителите бараат трајно решение

Од комуналното претпријатие велат дека работат на случајот, но решението го гледаат во изградба на регионална депонија во источниот регион. Доколку депонијата и понатаму чади, жителите на Бели викендов ќе го блокираат патот кон Пониква.

 

 

Славица Величковска