ГРЦИЈА

Штрајк на новинарите во Грција, земјата без вести и информативни емисии

15.03.2023 13:27

Денеска не се емитуваат вести и информативни емисии...

Новинарите во Грција почнаа 24-часовен штрајк во рамките на протестите по смртоносната железничка несреќа. Денеска не се емитуваат вести и информативни емисии.

Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор за утре закажаа генерален, еднодневен штрајк што се очекува повторно да ја парализира земјата.