филм

Македонскиот филм „Преекспонирано“ ќе се натпреварува во Италија

15.03.2023 14:08

Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај...

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија.

Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион.

Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница.

 

 

 

 

*Фото: Facebook /Catania Film Fest