Третманот на отпад, приоритет на новата министерката за животна средина
Со парите од данокот за пластични ќеси ќе се набавуваат контејнери за рециклирање на отпад во секоја општина во земјава. За третман на отпадни води и канализација се планираа инвестиција од 50 милиони евра...

Третман на отпадот ќе биде приоритет во работата на новата министерката за животна средина, Шукова, која пред две недели ја презеде функцијата. Најави дека ќе продолжат проектите на нејзиниот претходник.
Со парите од данокот за пластични ќеси ќе се набавуваат контејнери за рециклирање на отпад во секоја општина во земјава. За третман на отпадни води и канализација се планираа инвестиција од 50 милиони евра. Ќе бидат изградени централни депонии а ќе се затворат општинските.
Приоритет ќе биде и УНЕСКО, за што до крајот на месецов ќе има средба меѓу ресорните министерства. Таа посочи дека недостасуваат финансиски средства за да се средат жешките точки во земјава, меѓу нив и големата депонија во Охис.
