Регион

Вучиќ: Отворен и фер разговор со Ескобар

15.03.2023 19:11

Имавме отворен и фер разговор, изјави српскиот претседател Вучиќ по средбата во Белград со американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар...

Имавме отворен и фер разговор, изјави српскиот претседател Вучиќ по средбата во Белград со американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

На средбата бил разгледан процесот на нормализација на односите со Косово, формирање на заедница на српски општини и можностите за изнаоѓање на компромисни и одржливи решенија во дијалогот што се води со посредство на Европската унија.

Вучиќ на средба со американскиот дипломат повторил дека без формирање на Заедница на српски општини како обврска од веќе потпишаните договори не е можно нормализација на односите со Приштина.

Косовскиот премиер Курти, пак при посетата на Европскиот парламент изразил оптимизам дека на претстојната средба со српскиот претседател Вучиќ во Охрид е можно да се дојде до договор за нормализација на односите со Белград согласно европскиот предлог.