Швајцарија
Банката „Кредит Свис“ е сè уште ликвидна
15.03.2023 22:19
Контролорот на швајцарскиот финансиски пазар издаде соопштение заедно со Националната банка во кое се вели дека банката „Кредит Свис“ е сè уште ликвидна...

Контролорот на швајцарскиот финансиски пазар издаде соопштение заедно со Националната банка во кое се вели дека банката „Кредит Свис“ е сè уште ликвидна.
Сепак, во информацијата се додава дека швајцарската Централна банка е подготвена да ја подржи „Кредит Свис“ чии акции загубија 30 насто од вредноста.
Нема директно влијание од состојбата на американскиот врз швајцарскиот финансиски систем, соопштуваат од Централната банка, и дополнуваат дека сепак состојбата будно се следи.
