8-ми мај e светски ден за борба против ракот на јајниците

07.05.2014 13:51

Ракот на јајниците е вториот најчест гинеколошки канцер кај жените со највисока стапка на смртност, затоа што најчесто доцна се открива.

Европа, особено Источна и Северна  имаат највисока стапка на заболени жени од рак на јајниците. Во 2012 имало 65 000 заболени. Со тоа оваа болест станува шестиот најчест канцер кај жените во Европа.  Во светот годишно заболуваат 250 000 жени.

Во Македонија инциденцата за карцином на овариум изнесува 6.3 % или 12.8 случаи на 100 000 жители, додека морталитетот изнесува 8.7% или 5.4 случаи на 100 000 жители (Globocan 2008).

Само 50% од жените кои се дијагностицирани со рак на јајник, ќе преживеат пет години по првичната дијагноза. Ова се должи на напредна фаза na ракoт . Со раното откривање, сепак, опстанокот на пет години послe дијагнозата може да биде 95%.

Ракот на јајникот може да се развие во било која возраст, но е поверојатно да се појави кај жени кои се на 50 години или постари. Повеќе од половина од случаите се кај жените кои се на возраст на 65 години и постари. Индустријализираните земји имаат највисока инциденца за рак на јајник. Жените со бела кожа се изложени на малку поголем ризик; афро-американски и азиски жени се изложени на помал ризик. Ризикот за развој на болеста се зголемува со возраста. Ракот на јајникот е петти најчест рак кај жените во САД и вториот најчест гинеколошки рак. Тоа се 4% од сите случаи на рак кај жените. Меѓутоа, поради лошото рано откривање, стапката на смртност за рак на јајник е повисока отколку за кој било друг рак кај жените.

Симптоми

Вообичено не постојат рани предупредувачки симптоми за болеста. Ракот на јајникот е често нарекуван како тивок убиец, бидејќи жените или не се свесни дека го имаат или имаат симптоми кои не се прецизно дијагностицирани се додека болеста не е во напредната состојба.

Следниве симптоми се знаци на предупредување за рак на јајникот, но исто така може да се должи на други причини.

 дигестивни симптоми, како што се гасови, варење, запек или чувство на исполнетост по лесен оброк, подуеност, дистензија или грчеви и абдоминална непријатност.

• притисок во карлицата или често мокрење

• необјаснети промени во цревата

• гадење или повраќање

• болка или оток во стомакот

• губење на апетит (анорексија)

• замор

• необјаснето зголемување или губење на тежината

• болка за време на секс

• вагинално крварење кај жените во пост-менопауза

Причини

Вистинската причина за рак на јајник останува непозната, но неколку фактори се познати дека ги зголемуваат шансите за развој на болеста. Жените со поголем ризик од просекот за развој на рак на јајникот се жени кои:

• никогаш не биле бремени или имале деца

• белите жени, особено во Северна Европа

• жените над 50 години. Половина од сите дијагностицирани случаи се  жени над 65 години.

• имаат фамилијарна историја на рак на дојка, јајници, ендометријален (матка), простата или рак на дебело црево

• имале рак на дојка

• жени кои имаат роднина од прв степен (мајка, ќерка, сестра) што има рак на јајник.

• имаат генетска мутација на BRCA1 или BRCA2 генот. (Не кај сите жени со овие генетски мутации на ракот на дојката ќе се развие рак на јајник.

Дијагноза

Засега не постојат тестови  кои со сигурност  може да покажат дека жената има ран стадиум на рак на јајниците. Дел од дијагностичките процедури се: темелен бимануелен карличен преглед, дијагностичка лапароскопија, различни рентген процедури. Ултразвук може да се направи надвор преку стомакот и долната карлична област или со трансвагинална сонда. Ниска ГИТ серија или бариум клизма користи серија на X зраци за да се потенцираат другите органи. CA-125 есеј- тест на крвта за да се утврди нивото на CA-125, тумор маркер.

 

Висока свесност кај жените и кај матичните гинеколози  дека со редовни прегледи, особено при состојба на симптоми на подуеност на стомакот, може да се открие  и дијагностицира ракот во ран стадиум кога може да се излечи. Жените кај кои постои висок ризик поради семејна историја, треба редовно да одат на прегледи. Иако не постојат силни докази, на жените им се препорачува да користат најниска доза на терапија на хормонска замена и во најкраток период за третирање на симптоми на менопауза-велат лекарите.

Лекување

Има различни начини на лекување. Според специјалистите од оваа област проф.д-р Јорго Бабушко и м-р д-р Горан Димитров, кај жените со рак на јајчници најчесто се препорачува операција, во која се вклучува отстранување на матката, тубите и јајчниците и оментумот. Може да се отстранат и други ткива во абдоменот и карлицата, како и делови од дебелото црево ако ракот се раширил.

Специјалистите објаснуваат дека хемотерапијата обично се дава по операцијата за да се сопре повторна појава на ракот, но таа се дава и за да се намали канцерот пред операцијата, особено кај напреднатите случаи. Таа се користи и кај повторена болест. Повеќето режими се базираат на платиниумски агенси, а на располагање се се повеќе видови целни терапии. Во многу земји се практикува антитело што го спречува дотокот на крв до канцерот. Хемо терапијата може да се даде и директно во абдоменот. Многу студии го покажале позитивниот ефект на оваа хипертермичка перитонална хемотерапија при операцијата.

Радиотерапијата ретко се користи за ракот на јајчниците, но, може да се примени во доцен стадиум од болеста за да се намалат болките и крвавењето.

Соња Стојановска