Собрание

Во Собранието продолжение на 106-та седница

16.03.2023 08:49

На дневен ред на седницата се и Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и Предлог законот за амнестија, двата по скратена постапка...

На дневен ред на денешната седницата е Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република Северна Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија, а од 2009 суди во скопска Апелација како граѓански судија во трговски оддел.

На дневен ред на седницата се и Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и Предлог законот за амнестија, двата по скратена постапка.

Пред пратениците се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, како и Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, и двата по скратена постапка.

Меѓу точки се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина, Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина (јули 2023-јануари 2024), Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.