172 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден ,продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
