СДСМ: Од денеска намалени цени на млечните производи и тестенините
Од денеска сите граѓани ќе купуваат поевтино млеко, јогурт, сирење, урда, павлака како и макарони и шпагети. Ова е второ замрзување на цените годинава. Прв на листата беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава по цена од најмногу 33 денари, велат од партијата.

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики. Од денеска цените на млекото и на млечните производи се намалуваат за 10, а на тестенините за 15 проценти, со стапувањето на сила на одлуката за замрзнување на нивните цени, соопштуваат од СДСМ.
Од денеска сите граѓани ќе купуваат поевтино млеко, јогурт, сирење, урда, павлака како и макарони и шпагети. Ова е второ замрзување на цените годинава. Прв на листата беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава по цена од најмногу 33 денари, велат од партијата.
Замрзнувањето на цените е направено врз основа на внимателни и детални анализи и пресметки, со кои се заштитуваат граѓаните, а не се оштетуваат компаниите. Надлежните институции ќе ја следат состојбата на терен, а компаниите се обврзани да ја почитуваат одлуката- стои во соопштението.
