ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски се само успешни во криминалот, живејачката е изгор скапа
Од партијата велат- факт е дека граѓаните живеат се полошо. Секој ден е сѐ поскапо и поскапо и платите едвај им стигнуваат. Инфлацијата е 17,1 процент, што значи дека парите ја губат куповната моќ...

Криминалната влада на СДС и Димитар Ковачевски удира врз џебот на граѓаните, инфлацијата вртоглаво расте, а СДС и Ковачевски се фалат со покачување на минималната плата. Живејачката е изгор скапа, а од мерките што ги предлага власта, нема никаков ефект. Во суштина ниту минималната ниту просечната плата не им овозможуваат на граѓаните нормален живот, бидејќи според најновите податоците на ССМ за едно четиричлено семејство потрошувачката кошница изнесува 50.799 денари, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат- факт е дека граѓаните живеат се полошо. Секој ден е сѐ поскапо и поскапо и платите едвај им стигнуваат. Инфлацијата е 17,1 процент, што значи дека парите ја губат куповната моќ.
Од „успешните“ политики со кои се фали СДС и Ковачевски нема ништо. СДС и Ковачевски се само успешни во криминалот и бизнис зделките од милионските тендери, нагласуваат од партијата и додаваат, решението е во предвремени избори.
