55 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 возило упатено на вонреден технички преглед
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 55 сообраќајни прекршоци, од кои шест за користење мобилен телефон при возење, четири за нерегистрирано возило, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило. Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Се апелира до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат да се зголеми безбедноста на децата и на сите учесници во сообраќајот, информираат од МВР.
