Комисијата за употреба на имиња треба да одлучи дали ќе се бришат спорните бугарски клубови
Битолското здружение, воопшто не поднесе никакви документи за усогласување, а охридското испратило нецелосни документи. Од Централниот регистар велат дека постапката за здружението „Цар Борис Трети“ сè уште трае.

Комисијата за употреба на имиња денеска треба да носи одлука дали ќе бидат избришани бугарските клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван Михајлов“ од листата во Централниот регистар. Нејасно е како ќе се носат одлуки, бидејќи комисијата не е комплетирана, откако два члена ја напуштија.
Битолското здружение, воопшто не поднесе никакви документи за усогласување, а охридското испратило нецелосни документи. Од Централниот регистар велат дека постапката за здружението „Цар Борис Трети“ сè уште трае.
Постапката е сè уште во тек и здружението нема одговорено по известувањето од Централниот регистар. Информацијата до правда ќе ја достави по завршување на постапката.
По одлуката на владината комисија, министерот за правда треба да донесе одлука. Ако е негативна, Централниот регистар ќе мора да го избрише здружението.
