здравје

Чиа семе за блескав изглед на кожата

16.03.2023 09:47

Заради високото ниво на Омега-3 масни киселини, протеини, антиоксиданти, витамини и минерали кое ги содржи чиа семето, има корисно влијание на целиот организам, како и на состојбата на кожата...

Чиа семето придонесува за блескав изглед на кожата, а што е најважно од сè – дава фасцинантно чувство. Познато е уште во индијанските племиња и со векови се употребувало поради неговите извонредни корисни карактеристики. Заради високото ниво на Омега-3 масни киселини, протеини, антиоксиданти, витамини и минерали кое ги содржи чиа семето, има корисно влијание на целиот организам, како и на состојбата на кожата.

Маслото од чиа, исто така е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк.

Покрај сите други придобивки коишто ги нуди ова семе, како што се богат извор на Омега-3, одличен извор на протеини и вистински претставник на супер храната, чија семето истовремено е одлично и како лек за болестите на кожата. За лицата со сува и испукана кожа, чија семето помага при создавање на заштита која го одржува балансот на хидратација. Го лекува и подобрува квалитетот на епидермисот и го ублажува чешањето предизвикано од сувата кожа.

Антиоксидантите во чиа семето овозможуваат побрзо обновување на клетките на кожата и го блокираат штетното влијание на надворешните фактори. Со други зборови, помага во спречувањето на знаците на стареење и ја подобрува севкупната здравствена состојба на клетките на кожата.

Омега-3 мастите спречуваат создавање на акни, брчки и придонесуваат за мазна кожа. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој го спречува создавањето на воспалителните процеси и појавата на брчки. Витаминот B3, докажан антиинфламатор, помага во намалувањето на црвенилото кое често е проследено со дамки и истовремено и ја смирува кожата.

Цинкот е докажано дека помага во намалувањето на создавање на себум и штити од создавање на бактериски инфекции предизвикани од акните. Исто така помага за закрепнување на кожата по акните и го спречува појавувањето на лузни.

Со консумирање на чиа семето кожата добива здрав сјај.