Русија

Асад задоволен од руските предлози за нови бази во Сирија

16.03.2023 09:54

На разговорите со својот руски колега Путин нагласи дека руското воено присуство во Сирија не мора да биде привремено. Кремљ е близок сојузник на Асад и го поддржува во повеќегодишната граѓанска војна против опозицијата...

Сирискиот претседател Башар Ал Асад изјави дека ќе ги поздрави сите руски предлози за поставување нови воени бази и зголемување на бројот на руски војници во Сирија. На разговорите со својот руски колега Путин нагласи дека руското воено присуство во Сирија не мора да биде привремено. Кремљ е близок сојузник на Асад и го поддржува во повеќегодишната граѓанска војна против опозицијата.

Воената поддршка на Москва му помогна на Асад да се сврти бранот на војната што започна во 2011-та година како продемократско движење. Двете земји планираат да потпишат договор за економска соработка во наредните недели.