Економија

Волстрит под сериозен притисок

16.03.2023 09:54

Банкарскиот сектор под сериозен притисок по крахот на двете американски банки.. На берзите пад на цените, инвеститорите ги продаваат банкарските акции по финансиските проблеми на „Кредит Свис“....

Банкарскиот сектор под сериозен притисок по крахот на двете американски банки, Силициумската долина (SVB) и „Сигначјур“ (Signature). Паднаа цените на акциите на европските берзи.

Финансиските проблеми на „Кредит Суис“ (Credit Suisse) уште еднаш ги наведоа инвеститорите да ги продадат банкарските акции. Најновите случувања ги поддржуваат шпекулациите дека централните банки, првенствено американската ФЕД, би можеле да го забават темпото на зголемување на каматните стапки додека ситуацијата не се смири.

Некои аналитичари сметаат дека агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД минатата година можело да предизвика пукнатини во финансискиот систем.