Украина

Мајкрософт: Руски хакери подготвуваат напад врз Украина

16.03.2023 10:04

Украинскиот претседател Зеленски задоволен од состанокот во формат „Рамштајн“ на кој се разговараше за муниција, артилерија, тенкови и заштита на украинското небо...

Украинскиот претседател Зеленски задоволен од состанокот во формат „Рамштајн“ на кој се разговараше за муниција, артилерија, тенкови и заштита на украинското небо. Во меѓувреме, властите на Крим наредија отпочнување на воена обука на деца.

„Не постои таков терорист кој би можел да го изгради својот потенцијал во конфронтација со слободниот свет. Русија не е исклучок. Мора постојано да го зголемуваме притисокот врз теророт. Притисок во нашата одбрана, во санкции против Русија, во уништување начини за заобиколување на санкциите на руската држава и нејзините компании, во политички и правни притисоци“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Данскиот министер за надворешни работи, потврди дека руската гасна компанија „Гаспром“ пронашла предмет во близина на гасоводот Северен тек 2. Гасоводот беше оштетен во експлозија лани. Истрагата за експлозијата се уште е во тек. Американската компанија „Мајкрософт“ предупреди дека руските хакери подготвувале нов кибернетички напад во Украина.