СЕВЕРНА КОРЕЈА

Истрелана балистичка ракета пред средбата на Сеул-Токио

16.03.2023 10:06

Северна Кореја тестираше балистичка ракета која падна во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, соопшти војската на Јужна Кореја...

Северна Кореја тестираше балистичка ракета која падна во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, соопшти војската на Јужна Кореја, само неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул да отпатува во Токио на средба со јапонскиот врв.

За време на заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, кои Северна Кореја ги осуди како непријателски активности, Пјонгјанг спроведува речиси секојдневни тестови на своите балистички ракети.