Генерален штрајк во Грција поради железничката несреќа
Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот и на вработените во приватниот сектор, како и синдикатот на Комунистичката партија, почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира Грција...

Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот и на вработените во приватниот сектор, како и синдикатот на Комунистичката партија, почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира Грција. Причината е железничката несреќа со 57 жртви што се случи на 28-ми февруари кај Темпи.
Не функционираат државните служби, училиштата се затворени, бродовите и траектите се закотвени на пристаништата, се откажуваат летови. Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, како и студентски здруженија и организации.
