Евровизија

Познати 10- те финалисти од првата Евровизиска вечер

07.05.2014 14:04

На програмата денес: генералните проби за второто полуфинале...

Представниците на Црна Гора, Шведска, Холандија, Унгарија, Русија, Ерменија, Украина, Исланд,Сан Марино и Азербеџан се земјите коишто  се пласираа во големото финале на 59 тото издание на Изборот на песна на Евровизија - Копенхаген 2014.

Колку за подсетување, пласманот во финалето се обезбедува според добиените гласови на  националите стручни  жири комисии, чиишто имиња и кратки биографии беа објавени на официјалниот евровизиски web сајт , а истите беа додадени на гласовите добиени од телевоутингот во проценти- однос  50 : 50 .

Оваа година Данскиот национален радиодифузер  со помош на Европската Радио дифузна мрежа  ги надмина сите очекувања , кога станува збор за сцената, осмисленоста но пред се во поглед на иновативноста  и користењето на техничкита и  аудио визуелна креативност во бласта на телевизискиот медиум.

Телевизискиот музички спектакл го следаа над 150 милиони гледачи ширум светот , а во првата полуфинална вечер, право на глас имаше публиката од 16 те земји коишто настапуваа, како и земјите од големата петорка: Шпанија, Франција и  земјата домаќин Данска . 

  1. Ерменија: Aram Mp3 – Not alone
  2. Летонија: “Aarzemnieki” – Cake to bake
  3. Естонија: Tanja – Amazing
  4. Шведска: Sana Nilsen – Undo
  5. Исланд: “Pollapönk”– No prejudice / Enga fordóma
  6. Албанија: Hersi Matmuja – One night’s anger
  7. Русија: Sestre Tolmačove – Shine
  8. Азербеџан: Dilara Kazimova – Start a fire
  9. Украина: Marija Jaremčuk – Tick-tock
  10. Белгија: Aksel Irsu – Mother
  11. Молдавија: Kristina Skarlat – Wild soul
  12. Сан Марино: Valentina Moneta – Maybe (Forse)
  13. Португалија: Suzi – Quero ser tua
  14. Холандија: “The Common Linnets” – Calm after the storm
  15. Црна Гора: Sergej Ćetković – Moj svijet
  16. Унгарија: Kalai Saunders Andraš – Running


Без влез во Големото финале останаа : Албанија, Летонија, Естонија, Белгија, Молдавија и Португалија.

Како гласаше жирито и комплетните гласови од телевоутингот, според евровизиските правила, ќе бидат објавени по завршувањето на големото финале во сабота.

По завршувањето на директниот пренос на првата полуфинална вечер , се одржа press конференција на која беше извршено првото прелиминарно ждребање за учество во првата или втората половина од шоуто.

Во големото финале, закажано на 10 ти мај:  во првата половина на фналната вечер настапуваат: Црна Гора , Ерменија,  Украина,  Шведска и Исланд, додека во втората половина од финалната вечер настапуваат : Холандија,Унгарија, Русија, Сан Марино и Азербеџан.

Во големото финале  ќе настапат исто така и земјите од големата петорка: Шпанија, Франција, Германија, Италија, Обединетотот кралство и земјата на домаќинот Данска и нивниот представник годинава Басим кој настапува под реден број 23 .

Веќе денес во B&W салата на програмата се  комплетните генералните проби за втората полуфинална вечер отврени и за публиката и за медиумите.

Особено важна за Македонија е втората проба којашто започнува од 21:00 часот и на којашто гласа националното стручно жири од 15 те земји колку што ќе настапат на Евровизиската сцена во четврток на 8 ми мај.

На оваа проба своите гласови ќе ги даде и стручното жири во земјите од големата петорка : Италија, Германија и Обединетото кралство.

Тијана, заедно со Тамара, Пере, Димитар и Дејан за Македонија,  настапуваат  под реден број 11.

 

Каролина Петковска