Здравство

Расте бројот на сомнителни случаи со туберкулоза

16.03.2023 10:41

Расте бројот на сомнителни случаи поврзани со трите деца кои се веќе хоспитализирани и пациентот кој е на респиратор на Клиниката за детски болести, потврдија од болницата.

Тестовите во детската болница во Козле и во Институтот за ТБЦ треба да покажат дали уште 22 деца и десетина возрасни од привремени живеалишта за социјално ранливи групи имаат туберкулоза.

Расте бројот на сомнителни случаи поврзани со трите деца кои се веќе хоспитализирани и пациентот кој е на респиратор на Клиниката за детски болести, потврдија од болницата.

Од туберкулоза неодамна почина деветмесечно бебе кое беше хоспитализирано на Детската клиника и беше на механичка вентилација. Надлежните констатираа дека не потекнувало од социјално семејство.