МВР
Претрес во скопски Бит Пазар, приведен дилер, пронајдена дрога
16.03.2023 10:45
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
