Наместо „Оскарите“, повеќе од 8 милиони луѓе го гледаа финалето на „Последниот од нас“

16.03.2023 11:00

Ова не е прв пат датумот на објавување на нова епизода од серијата да се совпадне со емитување на важен настан. Поради финалето на Супер Боул, петтата епизода беше прикажана два дена порано, додека четвртата успеа да привлече 7,5 милиони гледачи за време на преносот на Греми наградите. Во текот на првата сезона, пак, гледаноста на серијата се зголемила за цели 75 проценти...

Последната, деветта епизода од хит серијата „Последниот од нас“ (The last of us) привлече 8,2 милиони гледачи, соборувајќи го сопствениот рекорд, а успехот е уште позначаен ако се земе предвид дека беше објавена за време на телевизиското емитување на овогодинешните Оскари.

Ова не е прв пат датумот на објавување на нова епизода од серијата да се совпадне со емитување на важен настан. Поради финалето на Супер Боул, петтата епизода беше прикажана два дена порано, додека четвртата успеа да привлече 7,5 милиони гледачи за време на преносот на Греми наградите. Во текот на првата сезона, пак, гледаноста на сиеријата се зголемила за цели 75 проценти.

Серијата е адаптација на истоимената видео игра, која првично беше претставена во 2013 година, и беше оценета како најдобра игра на сите времиња. Серијата, базирана на играта, се одвива 20 години откако модерната цивилизација е уништена и го следи криминалецот Џоел, кој го игра Педро Паскал, кој има задача да ја прошверцува тинејџерката Ели (Бела Ремзи) од зоната на карантин.

Со текот на времето, навидум лесната задача се покажува како голем залак за Џоел, бидејќи за време на бруталното патување низ САД, двајцата преживеани се целосно зависни еден од друг.

 

*Фото: Screenshot/ The last of us