Инфантино реизбран за претседател на ФИФА

16.03.2023 11:16

Инфантино беше единствениот кандидат за оваа функција. Неговиот договор е до 2027-ма година.

Џани Инфантино е реизбран за претседател на Меѓународната фудбалска федерација.

Изборот на прв човек на ФИФА се одржа денес на 73-от Конгрес на организацијата во Кигали (Руанда). Инфантино беше единствениот кандидат за оваа функција. Неговиот договор е до 2027-ма година.

Педесет и двегодишниот функционер беше на чело на ФИФА од 2016-та година, по корупцискиот скандал во организацијата и предвремената оставка на Џозеф Блатер.

Во јуни 2019-та година, Инфантино беше избран за втор мандат.