Голден Стејт поразени од Клиперс
16.03.2023 11:20
Стеф Кари кој постигна 50 поени, беше најефикасен на натпреварот, но и тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз.

Шампионот на НБА-лигата, тимот на Голден Стејт Вориорс загуби од Лос Анџелес Клиперс на гости со 134:126.
Стеф Кари кој постигна 50 поени, беше најефикасен на натпреварот, но и тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз.
Клиперси се на петтото место во поредокот на Западната конференција, додека Голден Стејт е на шестото место.
