Ѓоковиќ ќе настапи на мастерсот во Монте Карло
16.03.2023 11:25
Ѓоковиќ го пропушти мастерсот во Индијан Велс бидејќи не му беше дозволен влез во САД, а, најверојатно, од истите причини нема да настапи ниту на турнирот во Мајами.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата учесници на мастерс турнирот во Монте Карло што ќе се одржи во првата половина од април.
Ѓоковиќ го пропушти мастерсот во Индијан Велс бидејќи не му беше дозволен влез во САД, а, најверојатно, од истите причини нема да настапи ниту на турнирот во Мајами.
На листата учесници на мастерсот во Монте Карло се Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Тејлор Фриц и Александер Зверев.
