Давутоглу одговори на критиките на германскиот претседател на адреса на Турција

07.05.2014 14:06

Турскиот шеф на дипломатија Ахмет Давутоглу одговори на критиките упатени од германскиот претседател Јоаким Гаук кон Турција, за време на посетата на земјата минатата седмица.

Гаук ја критикуваше турската исламистичко-конзервативна Влада за односот кон социјалните мрежи и печатот и за конфонтацијата со судскиот апарат.

- Ако еден германски претседател вели „загрижен сум за иднината на Турција“, тогаш и ние можеме да кажеме дека сме загрижени за иднината на Германија поради неонацистите, рече Давутоглу.

- Ако треба да сме загрижени за нешто, тоа е расизмот по улиците на Европа, исламофобијата, опожарувањето на турски домови во Германија и навредите, рече Давутоглу по средбата на Советот на Европа во Виена.

- Треба да бидеме почитувани, за да покажеме почитување. Никој не може да се однесува кон Турција како кон второкласна европска земја, додаде шефот на турската дипломатија.