156 санкции за брзо возење
Три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи.
Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.
