Собрание

Пратеникот Рушити поднесе оставка, на негово место доаѓа Ремзи Мемеди

16.03.2023 12:35

Рушити од Алијанса на Албанците е именуван за директор на АД МЕПСО, по влегување на партијата во владината коалиција. На негово место доаѓа Ремзи Мемеди од Изборната единица 5 од Кичево...

Собранието ја констатираше оставката на пратеникот Сурија Рушити од Алијанса на Албанците кој е именуван за директор на АД МЕПСО, по влегување на партијата во владината коалиција. На негово место доаѓа Ремзи Мемеди од Изборната единица 5 од Кичево, од Алијансата на Албанците.

Денешната собраниска седница ќе продолжи во 14 часот, откако ќе пристигне извештајот од ДИК.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на седницата исто така кажа дека од дневниот ред е повлечена и одлуката за испраќање наши војници во мисијата во Либан.

На оваа нова собраниска седница има предложени повеќе точки, а меѓу нив е и Законот за здравствено осигурување со чии што измени ќе се овозможи решавање на проблемот со набавка на лекот „Трикафта“ за лицата болни од цистрична фиброза.