Во Кривичен распит на вештакот за случајот „Ласкарци“
Оштетените пак велат дека адвокатите намерно прават тензии за судењето да добие друга димензија...

Високи тонови, дофрлување од место, расправии. На судењето за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, семејствата на загинатите се скараа со адвокатите на обвинетите. Одбраната тврди – добиле закани и побараа судот да интервенира. Оштетените пак велат дека адвокатите намерно прават тензии за судењето да добие друга димензија.
Откако судијката ги опомена присутните рочиштето продолжи со распит на вештакот Зекирија Зеќири кој објасни дека супер вештачењето го изработил тимски заедно со колегите од бирото за судски вештачења. Не му било прво супер вештачење на кое работел, но е прво за автобуска сообраќајна несреќа од ваков вид.
Зеќири објасни – до првата трага немало знаци дека е активиран системот за кочење на возилото, а дали кочел потоа, на тоа требало да одговорат сообраќајните вештаци.
