Хепенинг за Денот на Европа в петок на плоштадот „Јадран“
На плоштадот „Јадран“ в петок точно напладне ќе се одржи Европски хепенинг по повод 9 Мај - Денот на Европа, во организација на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Општина Центар.
Манифестација под мотото „Сите заедно под исто европско небо“ ќе трае два часа. Како и во изминативе осум години, настанот ќе почне со химната на Европската Унија и со обраќања на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, амбасадорот на ЕУ во Скопје, Аиво Орав и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.