Политика

Мицкоски: Предвремени избори без техничка влада

16.03.2023 13:13

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, останува на барањето за предвремени избори во мај или во првата половина на јуни...

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за измени во законот за влада, и да нема техничка извршна власт 100 дена пред избори, вели лидерот на партијата Мицкоски. Останува на барањето за предвремени избори во мај или во првата половина на јуни.

За мајски избори, еве нека биде и првата половина на јуни, стоиме на располагање веднаш. Не мора техничка влада, со Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи. Како што е вака, ние сме подготвени да одиме на избори, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.