мвр
Во Кавадарци приведен крадец од кочанско
16.03.2023 13:51
Тој се сомничи дека на 12.03.2023 од камп-приколка лоцирана во место викано „Нари“, атар на с. Крњево, одзел разновиден алат...

Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.С.(47) од с. Теранци. Тој се сомничи дека на 12.03.2023 од камп-приколка лоцирана во место викано „Нари“, атар на с. Крњево, одзел разновиден алат.
Лицето е приведено во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава, информираат од МВР.
