Разрешената тајландска премиерка Јинглак Шинаватра
Уставниот суд оцени дека премиерката ја злоупотребила функцијата со тоа што во 2011-та поставила нејзин роднина за шеф на Советот за национална безбедност...

Тајланд назначи нов премиер, откако Уставниот суд на земјата ја разреши премиерката Јинглак Шинаватра, оценувајќи дека ја злоупотребила службената должност. На нејзино место е поставен вицепремиерот Ниватамронг Бунсонгпаисан кој ќе ја врши должноста премиер до формирањето на нова влада.
Уставниот суд оцени дека премиерката ја злоупотребила функцијата со тоа што во 2011-та поставила нејзин роднина за шеф на Советот за национална безбедност.
Јинглак, која е сестра на поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра, кој е во бегство, пред судот изјави дека таа немала никаква лична корист од тоа што го поставила нејзиниот поранешен зет за шеф на Советот за национална безбедност.
Шест месеци во Бангкок имаше протести за соборување на владата.
