Воената полиција го одбележа денот на безбедноста

07.05.2014 14:33

„Секогаш подготвени“ e мототo што и одговара на армиска единица како што е баталјонот на воената полиција...

Професионализмот и обученоста се на првото место. Со реформите се достигнати стандардите и единицата е подготвена да одговори на сите предизвици.

„Како и досега, поставените задачи да продолжат да ги извршуваат со најголема одговорност и совесност,како во земјата,така и во мировните мисии во кои активно учество земаат припадниците на батаљонот на воена полиција“, рече командантот на единицата, потполковник Роберт Тасевски.

Баталјонот на воената полиција секојдневно ги извршува поставените задачи-обезбедување личности и делегации,контрола на воениот сообраќај,но и откривање и спроведување на сторители на кривични дела во одбраната.

„Вие со својата храброст и посветеност кон работата и извршувањето на задачите,во голема мерка давате значаен придонес кон почитта и довербата која АРМ ја ужива кај граѓаните на Република Македонија”, порача заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев.

Единицата е формирана во 92-та година,и е една од најстарите во АРМ.Нејзини припадници неколку години наназад учествуваат во мировната мисија  ИСАФ,но и како дел од тимот за обука на авганистанските безбедносни сили.

Милчо Велески