Македонија

Одбиено барањето за „Цар Борис Трети“

16.03.2023 17:12

Централниот регистар донесе решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид го одби...

Централниот регистар донесе решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето, во согласност со Законот за здруженија и фондации.

За донесената одлука Централниот регистар ќе го извести и Министерството за правда, за негово понатамошно постапување.