Франција
Без гласање усвоен законот за пензионирање во Франција
16.03.2023 17:33
Францускиот претседател реши без гласање да го протурка контроверзниот закон за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години од 2030 година...

Францускиот претседател реши без гласање да го протурка контроверзниот закон за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години од 2030 година.
Макрон се повика на специјалното уставно овластување бидејќи не успеа да обезбеди доволен број гласови за усвојување на реформата.
Претходно, Сенатот го усвои законот, но наиде на негодување во Националното собрание, Долниот дом на францускиот парламент. Аналитичарите очекуваат потегот да предизвика дополнителен хаос во Франција по неколкунеделните протести и штрајкови.
