Стразбур
Ѓорчев во Европскиот парламент во Стразбур, се обрати за демографијата
16.03.2023 17:43
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред пратеници од ЕПП групата во Европскиот парламент во Стразбур...

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев имаше обраќање пред пратеници од ЕПП групата во Европскиот парламент во Стразбур.
Темата на тркалезната маса беше демографијата и стареењето на населението во Европа, со осврт на пазарот на работна сила, образованието, одржливоста на пензискиот систем, одливот на мозоци, руралните области итн.
Ѓорчев истакна дека демографијата е важна тема за секоја држава и општество, додавајќи дека јавните политики треба да имаат компонента која значи поддршка за семејствата, мајките и децата.
