Ковачевски: Евроинтеграциите не може да се предмет на дневна политика
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во гостување во национална телевизија рече дека од обврските што земјата ги има кон Европската Унија во интеграцискиот процес не може и не смее да се прави дневна политика и да бидат предмет на уцена...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во гостување во национална телевизија рече дека од обврските што земјата ги има кон Европската Унија во интеграцискиот процес не може и не смее да се прави дневна политика и да бидат предмет на уцена.
„Целосно зачленување во Европската Унија на нашата држава како и секоја друга држава, треба да донесе одредени одлуки којшто се однесуваат на исполнување на критериумите предвидени од ЕУ како и обврските од преговарачката рамка, којашто е усвоена со заклучоци од страна на македонското собрание со мнозинство гласови. Од тие обврски не може да се прави дневна политика, бидејќи ние и до крајот на зачленувањето ќе имаме уште одлуки којшто ќе треба да се носат со две третини во Собранието, реформи на јавната администрација, реформа на децентрализација, реформа на судскиот систем, реформа на обвинителскиот систем тоа се реформи кој се носат со две третини, тие двотретински реформи не можат да бидат предмет на уцена, тие се предмет на стратешка определба на државата исто како што биле и во други држави којшто пристапувале во ЕУ“, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека само треба да се погледне на пример какви одлуки Хрватска носеше за да влезе во ЕУ, потенцирајќи дека тие не беа предмет на дневна политика како што дел од нашите опозициски партии односно, опозициските партии сакат да ги направат.
