Нереди во Париз, стотици уапсени
Негодување и скандирање имаше и во Народното Собрание кога премиерката Борн ја почна процедурата за усвојување на непопуларниот Закон за подигање на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години...

Над 200 уапсени и повредени полицајци е епилогот од протестите во Франција против пензиската реформа што Владата на Макрон ја спроведе во парламентот без гласање. Солзавец и водени топови беа употребени против демонстрантите за да се расчисти хаосот на улиците. Негодување и скандирање имаше и во Народното Собрание кога премиерката Борн ја почна процедурата за усвојување на непопуларниот Закон за подигање на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
„Не бев лута, бев шокирана. Вресоци, скандирања, удирање по клупи. Мислам дека тоа го одразува фактот што одреден број опозициски групи не ги почитуваат нашите институции. Некои од нив јасно ставија до знаење дека сакаат хаос во Собранието и на улиците“, изјави премиерката на Франција, Елизабет Борн.
Синдикатите го оценија како брутален и најавија нови порадикални протести низ земјата.
