филм

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на фестивал во Италија

17.03.2023 11:12

Филмот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе биде во официјалниот дел на КинЕст фест во Катанија, Италија, што ќе се одржува од 5 април до 30 мај. Фестивалот е посветен на кинематографијата на централна и источна Европа...

Филмот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе биде во официјалниот дел на КинЕст фест во Катанија, Италија, што ќе се одржува од 5 април до 30 мај. Фестивалот е посветен на кинематографијата на централна и источна Европа.

„Преекспонирано“ е драма, што е делумно инспирирана од вистински настани и во која станува збор за брачна двојка која, сместена на викенд во Охрид се наоѓа во состојба да го преиспита својот брачен живот, под дејство на настани поврзани со тинејџерка, ќерка на нивни блиски пријатели.

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Филмот својата премиера ја имаше на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро.